Македонија

Исчезнуваат ли македонските природни езера? Намалени водостоите на Дојранското и на Преспанското Езеро

Додека во соседна Бугарија изчезнуваат цели реки, кај нас во континуитет се намалува водостојот на две од три приордни езера. Најзагрозени се Дојранското и Преспанското езеро.

Околу 60 тони риба угинаа поради пресушување на река во Бугарија

Најчесто пониски од просечните за овој период од годината се и нивоата на реките во земјава.

Во однос на повеќегодишниот просек за август, нивото на Дојранското Езеро е за 2,48 метри повисоко, додека водостоите на Преспанското и на Охридското Езеро се пониски од просечните и тоа за 1,82 метра кај Преспанското, односно за 11 сантиметри кај Охридското Езеро

За два сантиметри е намален водостојот на Дојранското, а за еден на Преспанското Езеро во споредба со вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни