Свет

СКАНДАЛ ВО ФИНСКА: Се појави снимка од премиерката како се забавува, опозицијата повика на тест за дрога – Марин негира, но признава дека пиела

СКАНДАЛ ВО ФИНСКА: Се појави снимка од премиерката како се забавува, опозицијата повика на тест за дрога – Марин негира, но признава дека пиела

Во јавноста излезе домашно видео од премиерката на Финска, Сана Марин.

На видеото може да се забележи дека премиерката пее и танцува со пријатели, меѓу кои има и фински јавни личности.

По објавеното видео, премиерката се соочува со критики од јавноста, додека пак лидерката на една опозициска партија ја повика и да направи тест за дрога.

36-годишната Марин негира дека земала дрога, но признава дека пиела алкохол и бурно се забавувала.

Инаку, општо познато е дека најмладата премиерка на светот често оди на забави, како и на музички фестивали, а минатата недела дури и германскиот весник „Билд“ ја прогласи за „најкул премиер на светот“.

Минатата година, исто така, предизвика мал скандал и мораше да се извинува откако отиде во ноќен клуб по претходен контакт со лице позитивно на коронавирус.

Коментирајќи го последното видео, Марин кажа дека знаела оти ја снимаат, но е вознемирена што тоа излегло во јавност.

„Танцував, пеев, се забавував, тоа се совршено легални работи. Во ниеден момент не видов или дознав дека некој земал дрога“, кажа Марин.

Таа додаде дека не планира да го смени своето однесување и дека ќе остане личност каква што била досега.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни