Додека државата мака мачеше да се справи со пандемијата од коронавирусот, ни малку државните институции не штеделе. За време на пандемијата купени се 150 автомобили во вредност од 3,6 милиони евра.
-Владата треба да донесе одлука за службените возила. Од една страна стега со даноци, а граѓаните ги иритира кога гледаат дека пари се трошат за луксузни возила кои се користат дури и за приватни цели. И кога се работи за службени цели, може да се помине со поевтини возила, рече претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска.
Проблем и натаму се јавните набавки на добра кои не може да се класифицираат како неопходни во услови на КОВИД, а и во сегашната економска криза. Тука беа посочени набавките на возила во рангот на луксузни.
Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска соопшти дека се набавени 150 возила со вкупна вредност од над 3,6 милиони евра, односно луксузни возила со поединечна вредност од 20.000 до 40 000 евра за коишто, рече, не се гледа потреба да се купуваат, особено во време на КОВИД.