Македонија

Тешко повредени четворица малолетници, се забиле во канделабра, па во бетонска жардињера на „Водњанскa“

Тешко повредени четворица малолетници, се забиле во канделабра, па во бетонска жардињера на „Водњанскa“

Рано утрово малолетник со „форд мондео“ удри во метална канделабра и бетонска жардињера на „Водњанска“.

– На 19.08.2022 во 04.20 часот било пријавено дека на крстосницата од бул. „Мајка Тереза”, со ул. „Тодор Александров” и ул. „Белградска” патничко моторно возило „форд мондео” со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Скопје, удрило во метална канделабра и бетонска жардињера, велат од МВР за Курир.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот што го управувал возилото и уште тројца малолетни сопатници (еден од Струмица, двајца од Скопје), констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември” и Комплексот клиники „Мајка Тереза”.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни