УХМР објави актуелно метео предупредување.
Денес под влијание на топол бран температурите на повеќе места ќе бидат над 35°С, а во југоисточните подрачја и над 40°С и на целата територија ќе биде активно портокаловото ниво на опасност од високи температури.
Доцна попладне и во текот на ноќта локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а заради големата енергија ќе има изолирана појава на невреме со силен ветер, електрични празнења и град.