Шведската полиција соопшти дека две лица се повредени во пукотница на југот на земјата, во трговскиот центар Емпориа во градот Малме, а еден осомничен е уапсен, пренесува Ројтерс.
„Во моментов се смета дека инцидентот е поврзан со криминалното опкружување“, соопшти полицијата, нагласувајќи дека инцидентот е оценет како „непосредна опасност за јавноста“.
Полицијата е на лице место и разговара со сведоци и ги прегледува снимките од надзорните камери.