Македонија

Ова е излезеноста до 15 часот во Маврово Ростуше, Центар Жупа и Тетово

Државната изборна комисија на својата веб страница ја објави излезеноста на изборите за градоначалник во Маврово Ростуше и Центар Жупа, како и за Совет во општина Тетово до 15 часот.

Во Општината Центар Жупа до 15 часот гласале 34,41 отсто од запишаните гласачи, додека во Општината Маврово – Ростуше на гласање излегле 32,88 отсто од гласачите.

Во Тетово излезноста е пониска и изнесува 21,29 отсто од гласачите со право на глас.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни