Свет

Сушата во Кина „откри“ три будистички статуи, стари околу 600 години

Сушата во Кина „откри“ три будистички статуи, стари околу 600 години

Нискиот водостој на реката Јангце откри потонат остров во југозападниот дел на Чонгкинг и три будистички статуи за кои се верува дека се стари 600 години.

Три кипа пронајдени се на највисокиот дел на островот. Се претпоставува дека биле изградени за време на династиите Минг и Кинг. На една од статуите се гледа како монах седи на тронот во облик на лотос.

Водостојот на реката Јангце е многу намален поради сушата и топлотниот бран што го погоди југозападниот дел на Кина. Пресушени се 66 реки во 34 области околу Чонгкинг.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио за изборите во Србија и Бугарија со Синиша Пекевски, Игор Бесермењи и Румен Скрински

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни