УХМР информира дека силна нестабилност во моментов се приближува кон подрачјето на Велес, Росоман и Градско.
Проследена е со интензивен пороен дожд и електрични празнења, како и силен ветер.
Претходно интензивна нестабилност имаше и во Пелагонија, каде е забележана и појава на град.
На метеоролошката станица во Радарскиот центар Тополчани беше ветер од 150 км/час.