Свет

Украинската армија ја гранатирала нуклеарната централа Запорожје, објавија руски медиуми

Украинската армија ја гранатирала нуклеарната централа Запорожје, објавија руски медиуми

Вооружените сили на Украина извршија артилериски напад врз нуклеарната централа Запорожје и предградието Енергодар, објавија дел од руските медиуми, повикувајќи се на изјави на локални претставници.

Засега не се знае дали при нападот е оштетена нуклеарната централа.

Минатата недела Русија и Украина меѓусебно се обвинуваа за гранатирање на нуклеарната централа Запорожје.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни