Македонија

Шекеринска: Сега домашните и меѓународните инвеститори не треба да се грижат дали нивните инвестиции се безбедни и сигурни

„Да ни е честито и да ни е со среќа. Ништо не може да не обедини повеќе од добра вест. Ова денес покажа колку нашата земја сака да биде обединета и заеднички да слави успеси. Стоиме на влез за иднина за која никој не можеше да претпоставува дека е реална. Влезот во таа иднина е пред нас и сакаме да го направиме тој последен исчекор и да обезбедиме нашата држава да биде безбедна, сигурна и просперитетна“ изјави денеска министеркста за одбрана Радмила Шекеринска.

Министерката изрази огромна чест што сите членки на НАТО  посакаа топло добредојде во најмоќната политичка Алијанса во светот и рече дека Македонија веќе не е во изолација.

„Ова не е заслуга само на нас, ова е успех на сите граѓани на нашата татковина кои дадоа силна поддршка. Ова значи дека домашните и меѓународните инвеститори не треба да се грижат дали нивните инвестиции се безбедни и сигурни. Граѓаните не треба да се грижат веќе дали нивната држава е безбедна. Ова е резултатот којшто го очекувавме и резултатот којшто го сработивме. Од утре се ќе биде различно, Македонија ќе биде дел од најголемиот политички сојуз. Нашата економија ќе создава работни места и ќе нуди работа на нашите млади“, додаде министерката Шекеринска.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни