Свет

Тешка автобуска несреќа во Јапонија, има повредени (ВИДЕО+ФОТО)

Тешка автобуска несреќа во Јапонија, има повредени (ВИДЕО+ФОТО)

Во несреќата се судриле неколку возила.

Возилото се превртело и се запалило на автопат, јави новинската агенција Кјодо.

Најмалку девет лица се повредени денеска кога патнички автобус се превртел и се запалил на автопат во близина на централниот јапонски град Нагоја.

https://youtu.be/CwMemo_mSzA

Според агенцијата, во инцидентот се судриле неколку автомобили. На местото на несреќата работат спасувачи и пожарникари.

Според телевизијата NHK, двајца од повредените биле во „срцев и пулмонален застој“, што во Јапонија е состојба на клиничка смрт која не е потврдена од лиценциран лекар.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни