Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган планира телефонски разговор со рускиот лидер Владимир Путин оваа недела, при што се очекува да се разговара за ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје и за украинската криза, изјави дипломатски извор за РИА Новости.
Претходно, Ердоган рече дека има намера да разговара со Путин за резултатите од неговите разговори со Зеленски и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во Лавов, како и да побара од рускиот лидер да преземе конкретни мерки за решавање на ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје
„Да, вакви разговори се очекуваат оваа недела. Темите претходно ги презентираше господинот претседател. Меѓу нив се и ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје и, воопшто, решавањето на самата украинска криза. Турција продолжува да ја игра својата улога на фер посредник во овој конфликт, како единствена страна која ја заслужи довербата од двете страни“, изјави соговорникот.