Цената на гасот во Европа во текот на раното тргување денеска помина 2.800 долари за 1.000 кубни метри за прв пат од март, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.
Порастот беше поттикнат од петочната најава дека испораките на „Северен тек 1“ ќе бидат стопирани на 31 август на три дена поради поправки на турбините и загриженоста дека тие можеби нема да продолжат.
Септемвриската фјучерс цена во центарот TTF во Холандија достигна 2.862 долари за 1.000 кубни метри или 276 евра за мегават час.
Заменик-директорот на рускиот совет за безбедност и поранешен премиер и претседател Дмитриј Медведев на својот канал Телеграм коментираше дека оваа цена е резултат на „прекрасните комбинации“ на европските политичари и предвиде дека до крајот на годината цената на гасот може достигне 3-4.000 долари, пренесе ТАСС.
Како резултат на поскапувањето на гасот, цената на струјата скокна на нови историски врвови. Во секторот „ден пред“ цената во Данска е 563,81 евра за мегават час, во Австрија – 564,66 евра, во Белгија – 561,94 евра, во Германија – 563,81 евра, во Франција – 571,34 евра, а во Холандија – 558,2 евра. евра.