Македонија

Поскапуваат горивата во Македонија од вечерва на полноќ

Поскапуваат горивата во Македонија од вечерва на полноќ

Горивата од вечерва на полноќ ќе забележат поскапување, согласно податоците од Регулаторната комисија за енергетика. Бензините поскапуваат за половина денар, а дизелот за 1,5 денар.

Така малопродажната на ЕУРОСУПЕР 95 ќе изнесува 89 денари, додека на ЕУРОСУПЕР 98 ќе изнесува за 91,5 денари по литар.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ според новата цена ќе изнесува 93,5 денари.

Се зголемува и цената на екстра лесното масло за 1,5 денари, и ќе чини 90 денари. Цената на мазутот се намалува за 1,1 денари, и ќе изнесува 51,7 денари по литар.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни