Македонија

Мицкоски во Љубљана на средба со Јанша: „Изразив и загриженоста за состојбите во Македонија“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски денес, во Љубљана оствари средба со лидерот на Словенечката демократска партија, Јанез Јанша.

Двајцата соговорници во текот на средбата се осврнаа на повеќе теми кои се од регионално и билатерално значење.

Се дискутираше за дополнително ползување на капацитетите и одличните взаемни односи на двете сестрински партии.

Како лидер на најголемата партија во Словенија, г. Јанез Јанша ја изрази својата поддршката кон ВМРО-ДПМНЕ и македонските стратешки цели.

„Во текот на средбата ја изразив и загриженоста за состојбите во Македонија, пред се темите поврзани со недостатокот на правна држава и владеење на правото, отсуството на структурни реформи во образованието и здравството, како и лошиот економски стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни