Македонија

Повеќе од 12 милиони денари за унапредување на физичката подготвеност на припадниците на АРМ, најави Шекеринска

Повеќе од 12 милиони денари за унапредување на физичката подготвеност на припадниците на Армијата на Република Македонија (АРМ) како еден од приоритетите за следниот период,  најави министерката за одбрана Радмила Шекеринска за време на денешна посета на тетовската касарна „Кузман Јосифовски Питу“ во Тетово.

Таа потенцира дека оваа година ќе биде посветена на модернизација во различни делови од армијата бидејќи, според неа, АРМ има најголемо богатство во своите луѓе, војници, подофицери и офицери кои заслужуваат поголеми инвестиции.

–Минатата недела донесовме правилник со што армијата презема обврска за да ја поттикне поголемата физичка подготвеност на своите припадници практично да обезбеди спортска опрема, што досега не било случај и тоа во рок од следните три години . Сметаме дека овој правилник ќе покаже колку е важна физичката подготвенот како и дека државата е подготвена да вложува во таа физичка подготвеност. За оваа година ќе обезбедиме повеќе од 12 милиони денари за спортска опрема за припадниците на АРМ, како и спортски справи за определени касарни и гарнизони за физичките вежби. Нашата војска заслужува повеќе средства и поголемо внимание и со ова ќе кажеме дека од војниците очекуваме повисоки стандарди, но и оти сме подготвени повеќе да вложуваме во нив, изјави Шекеринска.

 

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни