Свет

САД предупредија: Веднаш напуштите ja Украина

САД предупредија: Веднаш напуштите ja Украина

Американскиот Стејт департмент денеска издаде безбедносна тревога во која се вели дека Русија ќе ги засили напорите да ја таргетира украинската цивилна инфраструктура и владини објекти во наредните денови, а американската амбасада во Киев ги повика американските граѓани кои се уште се во Украина, веднаш да ја напуштат земјата.

„Ако слушнете силна експлозија или сирени, веднаш засолни се“, се вели во предупредувањето на Стејт департментот.

Предупредувањето беше издадено откако американското разузнавање вчера обелодени дека Русија ги засилила напорите за удар на цивилната инфраструктура, изјави официјален претставник запознаен со ова прашање.

Сепак, официјалниот претставник нагласи дека разузнавачките информации не се конкретно поврзани со нуклеарната централа Запорожје.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни