Свет

УНИЦЕФ: Речиси 1.000 деца загинаа или повредени во војната во Украина

УНИЦЕФ: Речиси 1.000 деца загинаа или повредени во војната во Украина

Речиси 1.000 деца се убиени или повредени во војната во Украина, соопшти УНИЦЕФ во пресрет на шестиот месец од почетокот на руската инвазија на земјата. Тоа значи дека во просек по 5 деца дневно биле жртви на насилство, проценува Детскиот фонд на Обединетите нации, нагласувајќи ја потребата од враќање на мирот.

Речиси секое дете во Украина е изложено на длабоко вознемирувачки настани, вклучувајќи разделување на семејството, трговија со луѓе, експлоатација. Според УНИЦЕФ, почетокот на учебната година за една недела ќе го покаже вистинскиот број деца што Украина ги изгубила. Организацијата проценува дека едно од 10 украински училишта е оштетено или уништено. Поради чувството на несигурност, многу семејства нема да ги вратат своите деца во училниците.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни