Свет

Меѓу европските земји, само Унгарија и Австрија не испорачуваат оружје на Украина

Меѓу европските земји, само Унгарија и Австрија не испорачуваат оружје на Украина

Помеѓу европските земји, само Унгарија и Австрија во моментов не испорачуваат оружје на Украина.

Ова го изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, цитиран од Укринформ.

Тој истакна дека многу земји кои никогаш во модерната историја не испорачале оружје на конфликтните зони, ја смениле својата позиција од почетокот на војната или  нивното национално законодавство за таа цел.

„Со исклучок на Унгарија и Австрија, како неутрална земја, снабдувањето со оружје за Украина не е табу за ниту една европска земја, иако беше. Затоа, прашањето не е дека земјите од Европската унија (ЕУ) се против тоа, Прашањето е дека кога се префрлате во практичниот план, се појавуваат многу различни работи – аргументи и дискусии“, рече Кулеба.

Тој рече дека таквите внатрешно-политички дискусии од западните партнери за тоа кога и какво оружје да се предаде , ја чинат Украина секојдневни загуби на линијата на фронтот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни