Свет

Ердоган сака средба Зеленски-Путин

Извозот на жито од украинските пристаништа во светот е од клучно значење за човештвото . Ова го изјави претседателот Реџеп Ердоган, цитиран од ТРТ.

Досега на светските пазари досега се испорачани повеќе од 721.000 тони украинско жито .

„Дури и почетокот на испраќањето на украинското жито во светот преку нашата земја е критичен развој за човештвото“, рече Ердоган по состанокот на владата во главниот град Анкара во понеделникот.

Тој рече дека секој може да биде сведок дека Турција ги вложила сите напори за да обезбеди мир меѓу Русија и Украина.

„Нашата цел е да ги донесеме рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски во нашата земја, се надеваме дека во не толку далечна иднина“, за да се реши кризата, додаде тој.

Потсетуваме дека Турција, Обединетите нации, Русија и Украина потпишаа договор во Истанбул на 22 јули за продолжување  на извозот на жито од украинските црноморски пристаништа Јужен, Черноморск и Одеса.

Поради војната во Украина, руската морнарица ги блокираше пристаништата на Црното Море и го оневозможи извозот. Тоа, пак, создаде услови за криза со храна.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни