Денеска се навршуваат шест месеци од почетокот на војната,
Украина го слави државниот празник – Денот на независноста. Денеска се навршуваат шест месеци од руската инвазија на земјата.
На 24 август 1991 година беше усвоена декларација со која Киев се одвои од тогашниот Советски Сојуз.
Денеска во главниот град на Украина се воведени вонредни безбедносни мерки поради опасноста од руски напади врз цели во Киев. Властите во главниот град ги забранија големите јавни собири до четврток.
Пред празникот, претседателот Володимир Зеленски вети цврст одговор на секој руски напад на Денот на независноста.