Новинарите и снимателите се исклучени од седницата на Јавни обвинители на која треба да се одлучи дали ќе биде прифатена жалбата на шефицата на јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска.
На седницата не присуствува шефот на ЈО Љубомир Јовески кој ја суспендираше јавната обвинителка од функцијата, а против две други обвинителки поведе дисциплински постапки.
Доколку денеска не биде прифатена жалбата на Русковска, таа се соочува со ризикот од разрешување од функцијата.