Свет

Зеленски: Нов руски напад во Украина, има жртви

Зеленски: Нов руски напад во Украина, има жртви

Русија истрела ракети врз железничката станица во областа Дњепропетровск во централна Украина, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговото видео обраќање на седницата на Советот за безбедност на ОН посветена на Украина.

-Вака изгледа нашето секојдневие и вака Русија се подготви за оваа седница на Советот за безбедност на ОН, рече Зеленски преку видео врска.

Според него, во ракетните напади има и мртви и повредени, а не се знае конечниот број на жртви од руските акции во областа Дњепропетровск.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни