Русија гори големо количество природен гас во близина на границата со Финска. Ова е според анализата на водечката компанија за енергетски истражувања Ристад енерџи (со седиште во Осло), на која се повикува Би-Би-Си.
Беснеен пожар е забележан од далечина во областа на нова постројка за течен гас во Портоваја, северозападно од Санкт Петербург.
Според експертите, секојдневно се согоруваат повеќе од 4 милиони кубни метри природен гас.
Недалеку од местото се наоѓа компресорска станица за гасоводот „Северен тек“, преку кој руски гас се извезува во Германија, прецизира БНР.
Во научната заедница е изразена загриженост за палење на големи количини природен гас поради ослободување на јаглерод диоксид и саѓи, кои би можеле да го забрзаат процесот на топење на мразот на Арктикот.