„Бионтек“ достави до Европската агенција за лекови одобрение за вакцина против актуелната варијанта на коронавирусот Омикрон и неговите подваријанти БА.4 и БА.5.
Германскиот производител на вакцини против Ковид-19, кој работи заедно со Pfizer, развил препарат за бустер доза за лица постари од 12 години, објасни портпаролот на компанијата во Мајнц.
Лабораториските студии покажуваат дека вакцината предизвикува силен неутрализирачки одговор на инфекцијата со производство на антитела.