Пожар избувна на траект со 300 луѓе во близина на брегот на Шведска, пренесува „Франс прес“.
Извршена е голема спасувачка операција.
Портпаролот на шведската поморска управа, Јонас Францен, појасни дека пожарот настанал од палубата за автомобили.
На местото на настанот се испратени три хеликоптери и седум пловни објекти и започнала евакуација на бродот.
Нема информации за повредени. Причините за несреќата се уште се расчистуваат.
Шведските власти уверија дека пожарот сега е под контрола .
Стена Скандика се наоѓала во близина на островот Готланд на југоисточниот брег на Шведска.
#BREAKING: Car ferry ablaze carrying 300 off Sweden's coastline pic.twitter.com/6SIOT6hiTA
— International African Press (@IAPNews) August 29, 2022