Завршена е обдукцијата на 25 годишното момче од Берово кое почина по интервенција на заб во штипската болница. Засега Обвинителството не открива детали за истрагата која треба да покаже дали во третменот имало лекарска грешка.
Во петокот беше извршена есхумација на телотот на починатото момче од Берово. На Институтот за судска медицина завршена е и постапката за обдукција.
Во тек се анализите за утврдување на смртта.
Роднини на момчето претходно обвинија дека починато од сепса по направена интервенција на заб во штипската болница.