Македонија

ЈО преку МВР ги бара преживеаните од автобусот во Бугарија – личните работи вратени кај семејствата, дел не сакаат да ги подигнат

ЈО преку МВР ги бара преживеаните од автобусот во Бугарија – личните работи вратени кај семејствата, дел не сакаат да ги подигнат

Јавното обвинителство на Република Бугарија преку инструментот меѓународна правна помош побарало од македонското обвинителство да ги запознае преживеаните и наследниците на починатите патници со нивните права да извршат увид во предметот и да побара од нив да се изјаснат во поглед на причините за патување на нивните блиски, дознава 4NEWS.mk

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје преку Министерството за внатрешни работи – СВР Скопје прави напори да ги утврди и лоцира наследниците, од кои дел не живеат во нашата држава, и ги информира за нивните права согласно бугарската кривична постапка. Дел од нив се уште не се изјасниле за причините за патување на починатите или таквите причини не им се познати“, велат од Јавното обвинителство за 4NEWS.mk

Од таму додаваа дека дополнително, јавниот обвинител, по барање на бугарските истражни органи, ги извести и ги предаде личните работи на најголем дел од починатите патници на нивните семејства. Еден мал дел од семејствата, од лични причини, не ги примиле предметите, иако се известени каде можат да ги подигнат.

„Во однос на целокупното работење на компанијата Беса транс се води предистражна постапка во Основното јавно обвинителство Скопје“, велат за 4NEWS.mk од јавното обвинителство.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни