Македонија

ВИДЕО: Нема дел од Скопје кој не е поплавен

ВИДЕО: Нема дел од Скопје кој не е поплавен

Пороен дожд, град, грмотевици предизвикаа апокалипска попладнево во Скопје. Нема дел од градот кој не е под вода. Приватни објекти, трговски центри нема обејкти кои не се поплавени. Граѓаните гневни и во очај бараат помош, но таа е спора барем според нивните оцени.

Екипа на 4NEWS.mk направи обиколка низ Скопје. Немаше дел кој небеше поплавен. Булеварот кај Собрание кој води кон МНР целосно под вода со неколку заглавени возила.

Иста слика и кај МНР. Иако и тука поплавен цел булевар, сообраќајната полиција сепак не го затвори овој дел од булеварот, па токму тука ги насочуваше возилата.

Најдраматична сликата беше кај надвозникот кај мостот Гоце Делчев. Таму комбе со патници на средба од булеварот целосно блокирано и поплавено. Набрзо пристигнаа екипи на ТППЕ Скопје кои со скала ги евакуираа патниците. За среќа сите успешно евакуирани и без повреди.

И трговскиот ценат Ист Гејт е поплавен. Дури во спратовите под земја паднат е и гипс картон од плафонот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни