Доцна попладнево тешка сообраќајна несреќа целосно го затвори автопатот од Свети Николе кон Скопје, дознава 4NEWS.mk
Според наши информации во моментов на терен е полицијата и возило на брза помош.
Започнат е увид, па поради тоа не се пропуштаат возила на автопатот.
И неколку граѓани до нашата редакција пријавија дека на овој патен правец има застој.
Во моментов немаме информации за состојбата на учесниците во сообраќајот.