Македонија

Трагедија: Две момчиња од Македонија загинаа на автопат во Италија

Трагедија: Две момчиња од Македонија загинаа на автопат во Италија

Италијански медиуми јавуваат за тешка сообрачајна несреќа која се случила во областа Аки Терме во Италија во која загинале С.С. и М.Г. кои се од Кочани и од Виница. Момчињата живееле во Ница, а во колата биле уште двајца нивни другари.

Возило „фиат пунто“ се судрило со „голф“ за време на силен дожд. Момчето кое го управувало автомобилот ја добило дозволата пред два дена.

Едно лице е тешко повредено и е во критична состојба. Возачот на голфот, 46-годишен маж, поминал со полесни повреди.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни