Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ќе собира потписи за референдум за раскинување на договорот со Бугарија

ВМРО-ДПМНЕ ќе собира потписи за референдум за раскинување на договорот со Бугарија

„ВМРО-ДПМНЕ поддржува интеграција на Македонија во Европската унија без никакви дилеми, но Владата на СДСМ прифати бугаризација и затоа ќе почнеме да собираме потписи за одржување на референдум“, ова вечерва го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по завршувањето на Извршниот комитет на партијата.

Лидерот на партијата додаде дека нема да поддржат асимилација, промена на историски факти, откажување од посебноста на јазикот и идентитетско обезличување.

„Праксата досега покажа дека Владата и Ковачевски не ја говореа вистината кога велеа дека историските прашања не се тема на разговор. Не само што се тема на разговро, тие станаа и услов за Македонија да напредува кон ЕУ“, рече Мицкоски.

Од понеделник партијата ќе почне со собирање на најмалку 100 потписи, а потоа иницијативата ќе биде доставена до Собранието.

„На оваа иницијатива првопотпишан ќе бидам јас, а потоа извршнито комитет, пратениците по што очекувам Собранието во брзи рокови да ја легитимира и одобри иницијативата по што ќе започнат роковите за собирање на 150 илјади потписи за распишување на задолжителен референдум“, додаде Мицкоски.

Референдумското прашање ќе се однесува на договорот за добрососедство, односно негово укинување.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни