Македонија

Се одложи судењето за Модуларната болница во Тетово, следното е на 14 октомври

Се одложи судењето на пожарот во модуларната болница во Тетово каде изгореа 14 лица. На рочиштето се појави само Флорим Бесими, а не се појавија другите двајца обвинети Артан Етеми и Бобан Вучевски.

Следното рочиште е закажано за 14-ти октомври.

На 8 септември, минатата година во болницата во која се лекуваа пациенти заразени со Ковид-19 животот го загубија 14 лица. Обвинети се три физички и едно правно лице.

Двајцата првообвинети се товарат дека сториле тешки дела против општата сигурност, а третиот е обвинет за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, додека обвинетото правно лице сторило две кривични дела предизвикување општа опасност и непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни