Македонија

Владата со закон ќе забрани да се копаат криптовалути во Македонија?!

Владата со закон ќе забрани да се копаат криптовалути во Македонија?!

Владата сериозно размислува за забрана за копање на криптовалути и донесување на нов закон со кој би се регулирало тоа. Ваквата идеја доаѓа по направени анализи од страна на Владата, дека и во време на енергетска криза се троши многу струја која е субвенционирана за копање на криптовалути. Слична ваква мерка поради кризта донесе Косово.

„Да може. За тоа ќе треба законско решение да се донесе, се додека не се донесе законско решение ќе треба да се оди со апел, а доколку се работи за правни лица тогаш знаете дека воведвме тарифирање во блокови и со тоа ако е голема потрошувачката преминуваат во друг блок меѓутоа во овој период не треба да се прави тоа заради недостатокот на електрична енергија која што постои“, изјави премиерот Димитар Ковачевски по денешнито состанок на Советот за национална безбедност.

Македонија прави споредби со останатите држави во однос на мерките кои тие ги преземаат за спраувањео со енергетската криза.

„Знаете дека Косово во моментов се наоѓа во најтешка ситуација, таму веќе се започнати рестрикции и сите ние во нашите можности помагаме колку што можеме бидејќи на крајот од денот соседите се тие кои први треба да си помагаат“, додаде Ковачевски.

Струја се крадела насекаде, а најмногу од трагачи по биткоини.Улиците „Дижонска“ во Чаир и „Јајце“ во Гази Баба станаа едни од главните локации за копање биткоини во Северна Македонија. Активно се „копа“ и во реонот на селото Љуботен, во општина Арачиново, во населбата Ченто, но и во други делови на главниот град. Покрај скопјани, се поголем е бројот и на тетовци кои се одлучуваат изворот на приходи да го побараат преку интернет, каде надежите се дека може да се оствари огромна заработувачка. И се би поминало така незабележано, доколку ваквите „експерименти“ на копачите на криптовалути не ја преоптоваруваат електродистрибутивната мрежа, оставајќи повеќе корисници и населби во мрак. Во екстремни случаи, преголемото оптоварување на системот за копање биткоини може да доведе и до пожар.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни