Поради зголемената потрошуачка за производство на струја, Македонија од следната година ќе мора да ја покачи цената која ја плаќаат домаќинствата.
„До почетокот на идната година нема да има зголемување на цената на електричната енергија, меутоа регулаторната комисија е задолжена за регулирање и определување на цената на струјата. И доколку ги погледнете сите влезни параметри во однос на производство, цена и диструбуција на електричната енергија тогаш на сите ни е јасно дека цените во идниот период односно од идната година ќе бидат во пораст. Тие и ден денеска се во пораст на сите берзи во пораст се и сите суровини од кои се произведува електрична енергија“, рече премиерот Димитар Ковачевски по завршувањето на Советот за безбедност.
Цената на јагленот која беше 43 евра за тон, сега е веќе 93 евра. Истото се однесува и за мазутот.
„Како и да е и во идната година државата со сите свои капацитети како и досега повторно ќе ја субвенционира електричната енергија и нема да дозволи ценовен шок каков што и досега не дозволи во однос на цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи“, додаде Ковачевски.
Инаку тој вчера беше во посета на соседна Бугарија од каде во наредниот период ќе добиваме струја и гас за поребите на деловните потрошувачи.