Македонија

Министерството за образование го објави конкурсто за 50 стипении

Министерството за образование го објави конкурсто за 50 стипении

Министерството за образование и наука (МОН) го објави Конкурсот за доделување на студентски стипендии за странски државјани кои се од интерес за Република Северна Македонија за студиската 2022/2023 година. Ќе бидат доделени вкупно 50 стипендии на странски државјани кои се од интерес за земјава, а се со македонско потекло и живеат во Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Косово, Турција, Романија, Црна Гора и Грција.

Стипендиите се доделуваат за додипломски студии од прв циклус на државните високообразовни установи во земјава. На корисниците на стипендиите целосно ќе им бидат надоместени трошоците за студирање – уписнина, бесплатно сместување и исхрана во студентски дом, месечна стипендија, примарно здравствено осигурување, трошоци за издавање и продолжување на дозвола за привремен престој. Притоа, МОН определува во кој студентски дом ќе се смести кандидатот кој се стекнал со право на стипендија.

Од МОН додаваат дека за подетални информации за условите и потребните документи за конкурирање, кандидатите можат да се обратат до дипломатско-конзуларните претставништва на Северна Македонија во наведените држави. Пријавите се доставуваат до дипломатско-конзуларните претставништва кои се наоѓаат во државата во која кандидатот живее, најдоцна до 15 септември.

Избраните кандидати кои нема да пристигнат во земјава до 10 октомври годинава, ќе се смета дека се откажале од добиената стипендија.

Повеќе информации за конкурост можат да се најдат на овој линк.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни