Фестивалот на пивото „Пиволенд“ заврши, но ѓубрето остана на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
Фестивалот заврши на 7. септември, а ѓубрето во текот на вчерашниот ден цел ден остана на плоштадот. Граѓаните реагираа кои се движеа низ центарот на Скопје.

„Што е ова, зарем дека е празник денеска не излегуваат и да го исчистат просторот. Ова е срам за нашата држава, сите се чудат зошто е ова вака. Не е само ѓубрето, цел плоштад е леплив од пиво или не знам други пијалаци“, ни рече една од случајните минувачи додека ги правевме овие фотографии.
На само неколку метри од плоштадот синоќа се одржа и концерт посветен на 8.ми септември Денот на независноста на Македонија.
На самото отварање пак на фестивалот на пивото, камион кој носеше реквизити за фестивалот по којзнае кој пат пропадна во фонтаната на плоштадот. Тогаш од Град Скопје рекоа дека ќе бараат отштета.