Претходната шефица на германската влада, Ангела Меркел, почнува да пишува мемоари, објави РТЛ.
Во работата на книгата ќе и помогне нејзината долгогодишна соработничка Беате Бауман.
Се очекува да бидат објаснети детали за нејзината кариера и личниот живот.
Меркел беше на чело на германската влада четири мандати. Нејзината биографија се смета за важен документ за откривање детали за нејзините одлуки.
Меркел ја започна својата кариера како истражувачки асистент. Таа е првата жена на чело на германската влада.
Таа е позната по своите водечки позиции во Европа и одлуките кои беа важни за сите земји. Има договор со издавачка куќа.