Датумот на погребот на кралицата Елизабета Втора ќе биде потврден подоцна, соопшти Бакингемската палата, објави Ројтерс.
Се очекува тоа да биде за десет дена, забележува агенцијата. Денеска во 13 часот по локално време, кралицата ќе биде почестена со топовски поздрав – со 96 истрели за секоја година од нејзиниот живот. Британското кралско семејство ќе биде во жалост, која ќе заврши на седмиот ден од погребот.