Македонија

Една цена на рафт, друга на каса – граѓани од Скопје се жалат, еве што да направите во ваков случај

Една цена на рафт, друга на каса – граѓани од Скопје се жалат, еве што да направите во ваков случај

229 денари на рафт, а 369 на каса. Ова е само еден производ за кој читател се пожали до редакцијата на 4NEWS.mk дека му е побарано повеќе пари на каса, од цената која била изложена на рафтот кај производот.

Ова не е прв пат, вели нашиот читател кој вели дека секојдневно пазарува во маркет во центарот на градот. Но каде е проблемот? Дали намерно трговците пишувааат различни цени на рафтовите, а други се во системот за наплата со цел поголема маржа и заработка или пак во меѓувреме производот поскапел, а цената во системот не е променета?

„Рамстор, капсули лунго на рафт229 ден на каса 369. Мора да ми го дадат за цена на рафт. Законот вика мора, чекам 30 мин ама инаетот ми вреди повеќе од разликата“, вели наш читател.

Упорниот купувач на крај ја добил битката. Му било наплатено согласно цената која е изложена на рафтот и тоа мора да биде така.

Во секој маркет мора да ви се наплатува по цените кои се напишани на рафтовите, а не по цени кои се внесени во системот на наплата. Тоа е спротивно на законот.

„Друг трик, на рафтот со промоција, производителот освен дисконтираниот тип на производ става исти такви ама со друг мирис, вкус и слично кои не се на попуст. Чист профит, луѓето купуваат по редовна цена нешто што не им требало ради“, пишува друг граѓанин.

Инаку законот е усогласен со европските закони и важи со сите земји на европската унија. Цената која е на рафт, по таа цена треба да се биде наплатено.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни