Рано утрово во 03:20 часот по македонско време, непознато лице оштетило два автомобили на бугарската амбасада во Скопје. По инцидентот, лицето го напуштило местото и се уште бега.
Со својот автомобил прво удрил во бандера, а потоа во автомобилите на амбасадата.
Од МВР ја потврдуваат информацијата.
„На 10.09.2022 во 03.20 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.“Митрополит Теодосиј Гологанов“, пред Амбасадата на Р.Бугарија, патничко возило „опел зафира“, со скопски регистарски ознаки, управувано од едно лице, удрило во канделабра за улично осветлување, а потоа и во две паркирани патнички возила „мерцедес“ и „бмв“, сопственост на Амбасадата и го напуштило местото на незгодата“, се вели во полицискиот билтен.
Увид на лице место извршило Секторот за внатрешни работи Скопје и се работи на расчистување на случајот.