По вчерашната прес-конференција на разрешениот директор на „Водовод“ Златко Перински на која Арсовска упадна и се караше, редакцијата на САКАМДАКАЖАМ.МК ја праша зошто е нетранспарентна со јавноста и новинарите, а самата таа го обвини Перински баш затоа што бил нетранспарентен и го разреши.
„Па еве ме денеска се појавив, имаме и други прес-конференции и утре ќе имаме, можете се` да ме прашате“, рече Арсовска.
По доѓањето на Арсовска на функција експортпаролот Ваљон Салиху си даде отказ, па таа по неколку месеци ангажираше друго лице за комуникации. Но, после нецел месец тој си замина поради надоразбирања со неа и оттогаш нема абер да се ангажира ново лице.
„Па никој не сака да биде портпарол. Еве ајде дојдете вие бидете портпарол на Градот“, им рече Арсовска вчера на новинарите што ја следеа прес конференцијата на разрешениот директор на Водовод.
Читај повеќе на СДК.мк