Македонија беше единствен кочничар во процесот за работа во Албанија и Србија без посебни работни дозволи. Работата беше заглавена во македонскиот парламент, откако иницијативата произлезе од Отворен Балкан, а таков договор минатата година потпишаа тогашниот премиер на Македонија Зоран Заев, премиерот на Албанија Еди Рама, како и претседателот на Србија Александар Вучиќ.
Ратификацијата на„Предлог на закон за ратификација на Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан“, денеска се наоѓа пред пратениците и тие треба да донесат одлука.
84 седница на Собранието беше закажана за 11 часот.
На последниот самит на Отворен Балкан во Белград, претседателот на Србија Александар Вучиќ токму го потенцираше овој проблем, дека Македонија е таа која го кочи процесот со кој граѓаните без дополнителни документи ќе може слободно да работат во Албанија и Србија.