Скандалозна објава од страна на партијата на Власт СДСМ. Сакајќи да се пофалат дека денеска започнал скринингот во земјава кој е предуслов за членство во Европската унија предизвикаа голем проблем.
На креативата објавена на друштвената мрежа Фејсбук, на објавената мапа Косово не постои, односно ги нема границите со Србија. Ова е недозволиво за партија на власт која истовремено се фали со постигнати успеси на патот кон Европската унија.
На креативата се наоѓа и симболот на Европската унија како и македонското знаме.
„Северна Македонија ги отвори преговорите со Европската унија. Нека е со успех“, пишува на креативата.