Свет

Продажбата на автомобили во Европа повторно расте по 13 месеци пад

Продажбата на автомобили во Европа повторно расте по 13 месеци пад

Меѓутоа, со 650.305 продадени автомобили во август, нивото останува далеку под нивото пред пандемијата

Продажбата на нови автомобили во Европа благо се зголеми во август, за 4,4 отсто на годишно ниво, по тринаесет последователни месеци пад, објави Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA).

Во јули продажбата паднала за 10,4 отсто, а за осумте месеци од почетокот на годината падот е 11,9 отсто.

Меѓутоа, со 650.305 продадени автомобили во август, нивото останува далеку под нивото пред пандемијата.

Сите клучни пазари на ЕУ придонесоа за растот, со најсилно зголемување во августовските продажби во Италија (+9,9 отсто), а потоа следат Шпанија (+9,1 отсто), Франција (+3,8 отсто) и Германија (+3,0 отсто).

Во ЕУ, за осум месеци од почетокот на годината, автомобили се продадени за близу 6 милиони, што е за 11,9 отсто помалку од истиот период лани (6,8 милиони).

И покрај порастот на индикаторот минатиот месец, претходните падови негативно се одразија на кумулативниот резултат. Сите четири клучни пазари во ЕУ забележаа пад од почетокот на годината: Италија (-18,4 отсто), Франција (-13,8 отсто), Германија (-9,8 отсто) и Шпанија (-9,4 отсто).

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни