Јавниот обвинител Љубомир Јовевски рече дека комисијата донела решение за поведување на дисциплинска постапка против обвинителката Вилма Русковска.
„Комисијата за дисциплинска одговорност го разгледа предлогот за покренување на дисциплинска постапка и колку што сум информиран по тој предлог донесе решение за поведување на дисциплинска постапка понатаму знаете дека во тој дел и самата постапка треба да се обезбедат докази и да се произнесат јавните обвинители“, изјави републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески.
Шефицата на одделението за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска беше суспендирана од работа по направен претрес во Финансиската полиција.
Потоа во исти ден, на само неколку часа разлика, Русковска беше суспендирана, а директорот на Финсиската полиција Арафат Муареми се повлече од функцијата.