Свет

Расте бројот на жртви од поплавите и свлечиштата во Италија

Расте бројот на жртви од поплавите и свлечиштата во Италија

Бројот на жртвите од поплавите и лизгањето на земјиштето во Италија, предизвикани од обилните дождови што зафатија неколку градови во централна и источна Италија, достигна 10, јави Асошиејтед прес, повикувајќи се на државното радио.

Сè уште се трага по неколку луѓе, а десетици преживеани се качиле на покривите на нивните куќи или на дрвја, чекајќи спасувачки тимови.

Претходно денеска противпожарната служба пријави седум загинати и тројца исчезнати. Сепак, државното радио РАИ соопшти дека се потврдени 10 смртни случаи.

Утринава се уште се трага по четири лица, меѓу кои и две деца. Еден од нив бил однесен од надојдените води во општина Барбара додека бил во прегратките на мајка си, јави италијанската новинска агенција АНСА.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни