Свет

Татко и син стоматолози од Франција со години ќе лежат во затвор, обезличија куп пациенти

Татко и син стоматолози од Франција со години ќе лежат во затвор, обезличија куп пациенти

Таткото и синот стоматолози, Жан-Клод Карно (71) и Лајонел Гуеџ (42) од Марсеј, Франција, се осудени на затворски казни поради лекарска грешка.

Синот доби осум години затвор, а таткото пет, пренесува  Le Telegramme.

Тие беа прогласени за виновни за осакатување на стотици пациенти во текот на шест години. Судијата изјави дека дуото вовело систематизирани третмани кои ги уништувале животите на луѓето, оставајќи ги без насмевка и во неподнослива болка.

Казната беше образложена со долгиот период во кој се случило злосторството, бројот на жртвите и „многу сериозната штета“ што е причинета.

Се наведува и дека ги злоупотребиле правилата на стоматолошката професија.

Насобраните во судницата аплаудираа по пресудата.

Како што докажа обвинителството, Лајонел Гуеџ извадил или лекувал речиси 4.000 здрави заби и поставил 28 пати повеќе протези од просечниот француски стоматолог. Обвинителството за него побара десет години затвор под обвинение за намерно осакатување луѓе.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни