Во Швајцарија дуалното образование се исплати. Децата не бркаат универзитетски дипломи. Гордост е да се биде пекар, плочкар, водоинсталатер, механичар, готвач и слично.
Тие можат да работат од 15 години, но можат да го продолжат своето образование кога ќе одлучат.
Бизнисот е партнер на образовниот систем. Всушност, работодавачите се тие кои ја поддржуваат двојната обука, бидејќи тие имаат интерес за нејзин развој поради потребата од квалитетен кадар.
„Учи за да бидеш фризер, стани биолог“ и „Учи за да бидеш машински инженер, стани забен техничар“ се само дел од слоганите кои го рекламираат дуалното образование во Швајцарија.